Три лица пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници

Во текот на вчерашниот ден билтенот на МВР бележи три пријави за каснување од кучиња скитници.

Првата пријава се случила во 17 часот во Полициската станица Чаир, каде И.А.Д.(31) од Скопје пријавила дека во населбата Кучевишка бара, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Втората пријава е во 18.20 часот во Полициската станица Чаир, В.Д.(62) од Скопје пријавила дека на ул.„Призренска“ во Скопје била касната од куче скитник. Додека третиот настан е во 20.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, каде Г.Н.(62) од Скопје пријавил дека на ул.„Шар планина“ во Скопје, бил каснат од куче скитник.