Три лица повредени во тешка сообраќајка во Волково

Вчера се случила сообраќајна незгода во Волково, при што три лица се здобиле со повреди.

-На 09.06.2023 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.101 во с.Волково, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(50) од Скопје и патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(38) од с.Волково, информира МВР.

Како што соопшти МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.А. и сопатничката од нејзиното возило Е.Џ.(33) од с.Волково, а со телесни повреди се здобила сопатничката Е.И.(35) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.