Три лица повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп

Три лица се повредени во сообраќајка што се случи вчера на регионалниот пат Битола-Прилеп. 

На 11.09.2022 во 13.45 часот пријавено е дека на регионалниот пат Битола-Прилеп, во правец кон с.Лагово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат уно“, управувано од М.Д.(58) од Прилеп и патничко возило „бмв“, управувано од Д.И.(23) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки, соопшти МВР. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од  возилото „фиат уно“, Т.С.(40) од Прилеп, констатирани во Градската болница во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.