Три лица повредени во сообраќајка на „Партизанска“

На 19.04.2021 во 14.55 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди а4“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од М.М.(30) од Скопје и патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(46) од Скопје.

Во незгодата со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобиле двајцата возачи и сопатникот во возилото „ауди“, З.Т.(52) од Скопје. Извршен е увид.