Полицијата регистрираше нови три случаи во кои кучиња скитници нападнале и каснале три лица на разни локации во Скопје.

Два случаи биле пријавени вчера, а едниот денес.

Во првиот случај 64 годишниот М.Б. пријавил дека на 20-ти месецов на улицата „Перо Наков“ бил каснат од куче скитник за левата потколеница.

П.А. (73) вчера пријавил дека на 15-ти овој месец околу 11 часот, додека се движел со велосипед по улицата „Црвена скопска општина“, бил нападнат и каснат од куче скитник на десната нога.

Денес , Е.Ч.С. (32) пријавила дека на 17-ти месецов на улицата „Димитрија Чуповски“  била касната од куче скитник за десната рака при што и била нанесена телесна повреда.