
24-годишник од Врапчиште пријавил дека ноќеска во дворот три лица му го оштетиле паркираното возило, а кога се обидел да ги спречи му се заканиле со пиштол.
„Денеска (27.08.2025) во 05:00 часот во СВР Тетово, Л.Д.(24) од с.Градец, општина Врапчиште, пријавил дека околу 03:00 часот во дворот од семејната куќа во селото, три лица му го оштетиле паркираното возило, а при обид да ги спречи, едно од лицата му се заканило со пиштол, се наведува во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.