Три лица каснати од улични кучиња во Скопје

Во текот на вчерашниот ден биле регистирани три каснувања од улични кучиња.

Најпрво во 11.30 часот во Полициската станица Чаир, Е.Ш.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Радишанска“ бил каснат од куче скитник. 

Потоа во 13.10 часот во Полициската станица Центар, В.Л.(65) од Скопје пријавила дека на бул.„Кочо Рацин“ била касната од куче скитник.

Последниот случај е регистриран во 14.15 часот во Полициската станица Аеродром, каде што А.М.(39) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.