Три кратки приказни кои ќе ве научат многу за животот...

За вербата

Жителите на некое место одлучиле заедно да се молат за да падне дожд. Во закажаното време сите се собрале на плоштадот, но само едно момче понело чадор со себе. Тоа е верба.

За довербата

Кога си играте со своето дете и го фрлате во воздух, тоа весело се смее затоа што знае дека ќе го фатите во раце. Тоа е доверба.

За надежта

Секоја вечер си легнуваме без какви било гаранции дека утре ќе се разбудиме, но сепак го навиваме будилникот. Тоа е надеж.