Три јапонски цреши место врба на скверот „Буњаковец“

Поради дефект на централниот вод на БЕГ, се раскопува сквер Буњаковец, информира градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на својата фејсбук страница.

Тој додава де активностите ќе траат една недела.

-На местото на нискорастечката врба која мораше да биде отстранета заради дефектот, ќе бидат засадени три јапонски цреши-потенцира Богдановиќ.