Три хороскопски знаци кои ќе се соочат со големи предизвици во периодот кој следува

Младата Месечина која ќе биде во Риби на 13 март, ќе се задржи околу 60 часа, може да биде катализатор на тага и меланхолија. Тогаш претерано реагираме, а реакцијата може да оди во два правци: Или ги преувеличуваме чувствата или ги поттиснуваме и целосно ги криеме, за да делува дека ништо не допира до нас. 

Токму за време на оваа млада Месечина, која делумно или во целост ќе биде во знакот Риби на 12, 13 и 14 март 2021 година, овие три хороскопски знаци ќе се соочат со големи предизвици и искушенија.

БИК

Работа без задоволство не е добар рецепт за Биковите, иако многумина ќе посегнат по тоа. Емотивно раздразливи, Биковите во овој период ќе нурнат во работа и проекти. Прва лекција за Биковите во текот на овој период: Оставете ги професионалните обврски за момент и фокусирајте се на вашите лични потреби. Ви советуваме да читате книги, да шетате во природа и да се одморите.

ДЕВИЦА

Луѓето родени во овој хороскопски знак треба да бидат внимателни, затоа што ова може да биде неповолен период за нив. Кога Месечината е во Риби, деновите се обвиени со мистерија и тајност. Чувствата преовладуваат над рационалноста. Во овој период може да почувствувате како губите тло под нозете. Не е исклучена можноста некои припадници на оовј знак да бидат преплавени од преинтензивни чувства кои ќе ги спречуваат во дејствувањето. Во овој период можно е и тешко да се концетрирате на работните задачи. Постои значајна можност да згрешите при различни пресметки, но и грешки поради немарност. Силно изразените чувства негативно влијаат на работата.

ЈАРЕЦ

Зборовите можат и да повредат, но и да излечат. Најтешка лекција за Јарците во овој период ќе биде да научат како ефикасно да зборуваат со блиските за своите потреби. Ако останат стегнати и затворени, Јарците ќе отворат нов круг на проблеми. Но, ако им покажете на блиските дека ги разбирате нивните критики и прифатите дел од нив, тие навистина ќе го ценат вашиот напор. Пред вас е задачата на вистински начин да ги изразите своите чувства и да ги примат и обработат информациите кои ги добиваат од другите без да се навредат.