Три докажано најчувствителни хороскопски знаци

Сигурно познавате барен неколку лица кои ги бие глас дека се многу чувствителни, за миг стануваат емотивни и им треба секунда да се увредат за нешто. Според астрологијата, во овој кош влегуваат сите водени знаци. Токму нив ги бие глас дека се најчувствителни, секој на свој начин.

Риби

Кога ќе се спомене чувствителен, полн со емоции, многумина веќе во првиот момент ќе се сетат на Рибите. Нивната чувствителност одамна стана легенда. Рибите се многу емотивни и живеат во свој свет, а кога ќе ги извлечете од тој свет, едноставно не се снаоѓаат баш најдобро. Не само што не кријат дека се повредени, туку одма ќе започнат кавга за тоа зошто сте ги повредиле, а солзите сами ќе течат како потоци.

Рак

Баш како и со Рибите и со овој хороскопски знак владеат емоциите. Меѓутоа за разлика од нив, Ракот нема премногу да се расправа кога ќе се почувствува повредено. Тој ќе се повлече во својот оклоп веднаш штом ќе почувствува некоја закана за својата емотивна стабилност.

Шкорпија

Малкумина од нас ќе ги доживеат Шкорпиите како чувствителни затоа што тие не покажуваат дека се повредени на ист начин како другите водени знаци, односно со емоциите владеат малку поинаку. Тие добро ќе сокријат дека се повредени и само ќе чекаат прилика да возвратат во иста мера. Шкорпиите се со многу интензивни чувства и навистина им е потребна само една секунда да се навредат, но кај нив нема премногу место за солзи како кај Рибите и место за драма како кај Раковите.