Три денови отпадот стои на улица во Ѓорче Петров, комуналното возило го нема

Среда е денот кога вообичаено комуналното возило го собира отпадот од улицата Даутица и околните на неа во Ѓорче Петров.

Денеска е петок и корпите полни со ѓубре стојат пред портите. Жителите на населбата не ги внесуваат, за во случај да помине комуналното возило и да го исфрли отпадот. 

Сепак, поради топлото време и отпадот, по оваа улица веќе се шири непријатна миризба.