Три деца и возрасен повредени во вчерашната сообраќајка на патот Гостивар – Стража

Пет возила учествувале во сообраќајната незгода што вчера утрото околу 07:30 часот се случила на магистралниот пат Гостивар – Стража, во близина на каменолом.

Според информациите од МВР, во незгодата учествувале „бмв“ со словачки национални ознаки, „цитроен“ со скопски регистарски таблички, товарно возило „фолксваген“, „мазда“ и товарно возило „ман“ со гостиварски регистарски ознаки.

Во незгодата телесни повреди се здобиле возачот на „цитроенот“, 38-годишниот С.И. од Скопје, и три малолетни деца, кои биле превезени и прегледани во Ургентниот центар во Гостивар.

Увид на местото на сообраќајната незгода извршила екипа од ОВР Гостивар.