Три деца и еден вработен во скопска градинка заразени со корона вирус

Три деца и еден вработен се новите случаи со Ковид-19 во скопски градинки.

Брат и сестра кои биле згрижени во воспитно образовната установа „Срничка” во Аеродром викендот имале позитивен тест на коронавирусот, дознава Сител. Останатите деца и вработените  кои биле во контакт со нив се во изолација. Третото заболено дете посетувало градинка во Ѓорче Петров, информираат од Министерството за труд и социјала. Инфициран со вирусот е и вработен во детска установа во Гази Баба. 

Епидемиолозите објаснуваат дека граѓаните мора да разберат дека со непочитувањето на мерките и масовните групни собирања ја пролонгираат состојбата со Ковид 19. Она што е важно за професорот Даниловски е проветрувањето во училниците и почитување на мерките носење маски и држење дистанца.

Од центарот за јавно здравје Битола денеска потврдија дека вработена во градинката „Коца Василева“ е позитивна на Ковид 19 и превентивно 13 деца беа пуштени во домашна изолација.