Три брзи рецепти за сочен неделен ручек

За да ги скратите мислите и грижите околу ручекот кој секој ден мора да биде брз, а вкусен, ви нудиме мала помош. Ваше е само добро да се снабдите со намирници и да одвоите половина час во кујната.

Еве во какви специјалитети можете да уживате оваа недела:

Пилешко во зеленчук

Состојки:

  • 200g шпагети
  • 400g пилешки гради
  • 3 лажици вино
  • ½ лажица ѓумбир во прав
  • 1 лажица суви зачини по желба
  • 3 лажици соја сос
  • Масло
  • 150g пченка
  • 100g црвена пиперка
  • 100g кромид
  • 100g морков
  • 1 лажица цветен мед

Подготовка:

Додека шпагетите се варат, пилешкото месо исечкајте го на коцки. Зеленчукот измијте го, излупете го и исечкајте го на тенки ленти. Пченката сварете ја или купете веќе сварена, конзервирана.

Месото испржете го во тефлонска тава на загреано масло и тргнете го на страна. Во истото масло пропржете го и зеленчукот. Кога ќе омекне зеленчукот, вратете го месото и измешајте ги сварените шпагети заедно во тавата.

На крај додајте го виното и зачините, промешајте го и медот и оставете уште 10тина минути на тивок оган.

Шпагетите со пилешко и зеленчук се служат топли, со додатни сосови по желба.

sto-da-gotvite-ovaa-nedela-brzi-recepti-za-socen-rucek-02

Печен компир со сирење и сланина

Состојки:

  • 1,5kg компири
  • 500g сирење
  • 300g сланина

Подготовка:

Сварете го компирот во солена вода. Откако ќе се свари излупете го и во сад за печење редете компир исечкан на кругови, рендано сирење и ситно сечкана сланина. Завршете со уште еден ред компири и одозгора зачинете.

По желба, додајте 2-3 лажици хопла или павлака за компирот да биде посочен.

Печете околу 20 минути на 200 степени.

sto-da-gotvite-ovaa-nedela-brzi-recepti-za-socen-rucek-03

Ориз со печурки и зеленчук

Состојки:

  • 2 шолји ориз
  • 800g свежи печурки
  • 1 главица кромид
  • 500g спанаќ
  • Зелена пиперка
  • Црвена пиперка
  • Жолта пиперка
  • Масло
  • Суви зачини

Подготовка:

Пропржете ги печурките заедно со кромидот на врело масло, а спанаќот и оризот варете ги во посебен сад.

Кога ќе завршите со нив, подгответе ја тавата за печење. Размачкајте малку масло, па ставајте еден ред ориз, еден ред печурки. Повторете ја постапката неколку пати.

Од горе додајте ги ситно сечканите пиперки, посолете и додадете зачини. Полијте уште малку масло и печете 30тина минути на 180 степени.

sto-da-gotvite-ovaa-nedela-brzi-recepti-za-socen-rucek-04