Тргувањето со мигранти се почесто во нашата земја, повторно фатен криумчар

Вчера, едно лице беше приведено на магистралниот пат, делница Марвинци – Удово, кај место викано „Калковска река“ од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран.

Од МВР наведуваат во извештајот, дека се работи за лицето П.К.(26) од с.Јосифово,кој бил приведен поради тоа што во неговото возило биле пронајдени мигранти.

Според првичните информации добиени од МВР, полициските службеници ги забележале мигранти како излегуваат од неговото возило „бмв“, по што П.К. се дал во бегство.

Полицијата информираше дека набргу потоа, тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти (девет од Сирија и три од Пакистан),  кои биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. 

П.К. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.