Трговските марки ,,Македонија‘‘ и ,,македонско/и‘‘ ќе мора да ги договараат фирмите

Бизнисмените од Грција и Македонија во следните три години ке се договораат за користење на терминот Македонија и македонско на своите производи.

Согласно договорот од Преспа годинава ке биде формирана и комисија за  трговските ознаки, но таа нема да биде на државно ниво.

Засега и двете земји слободно го користат овој термин на своите извозни продукти. Преспанскиот договор не предвидува можност за тужби  ниту законска рамка за употреба на брендот македонски, објаснуваат од грчкото микнистерство за економија.

Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачи на Грција, Димитрис Авлонитис даде пример со ,,македонско вино, кое двете страни ке може да го извезуваат, но само тоа од Грција ќе може да биде регистрирано на европско ниво под таа трговска ознака, бидејќи станува збор за грчки производ со заштитено име на потекло.