Трговски центар, касарна и улици од утрово без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на водоводна цевка Ф250мм. на улица Мкедонска Косовска Бригада 23А позади зградите на Аквадукт, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел корисниците на улицата Македонска Косовска Бригада од бензинската пумпа Мак Петрол до подвозникот Шуто Оризари, улицата 11, касарната Илинден, трговскиот центар Поинт. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.