Тргнав да вадам лична карта, ме фати мигрена!

Тргнав да вадам лична карта.Со уредно подготвени документи, стигнав 10 минути пред закажаниот термин за сликање. За чудо се си течеше прописно.

Влегов точно на време,  дечкото кој работеше се обиде да ме пронајде на списокот, погледна два пати и ми рече дека ме нема во закажаните термини.Го замолив уште еднаш да види, се поднасмевна, погледна и ме замоли да излезам за да им дозволам на другите да си ја завршат работата.

Се изнервирав, излегов и веднаш свртев на бројот за закажување, оттаму ми потврдија дека за денес ми е терминот, а на вработниот да му пренесам дека кај нив треба да се јави, ми олесна.

Повторно влегов, објаснив, дечкото со негодување рече ајде ок седни спреми се за сликање.

Си реков готово е за кратко си одам и оп, излезе друг проблем.Во пасошот сум заведена со новото име на улицата, а во личната карта со старото.

Почнав да објаснувам дека пасашот ми е изваден во времето кога улицата го сменила името, никако не можеше да се разберем. Според вработениот новата адреса ќе треба да ми гласи со сосема друг број.Се обидов да му објаснам дека цела фамилија живееме на 1-1/2, тој упорно ме убедуваше дека по ново ќе бидам 1-2/9.

Нервозно ми рече добро седни да те сликам, а со адресава не знам што ќе правиш ќе ти се јават од МВР.

Поминаа 10 дена отидов да ја подигнам личната карта.Името на улицата беше исправна, а бројот погрешен.Изреагирав, но госпоѓата веќе ми ја издаде.Се истуфка зашто изреагирала брзо пред да провериме, се испаничи и ме препрати кај началникот.

Чекајќи ред си велам зашто мора секогаш кај мене нешто да се искомплицира.Влегов кај началникот, почнав да се објаснувам, ме погледна со чудење и ми рече кај вас е едноствна работава само не ми е јасно зашто бројот на живеење ви е сменет.Дали сте сигурна дека овој е бројот? реков Да. Цела фамилија живееме на оваа адреса, не може мене да ме преселите во друга зграда.Да така е, ама не ми е јасно зошто вработниот вака постапил иако е сменето името на улицата тоа веднаш се заменува без проблем со новото, но бројов...Се помисли и ми рече одете повторно, да се сликате.

Ги собрав документите и повторно застанав во ред, ме фати нервоза од целата ситуација, изгубив пола ден во чекање. Повторно влегов во кабина и по четврти пат објаснив зашто сум овде.

Госпоѓата која работеше беше пријатна и учтива се извини и ми рече дека ова е нивна грешка.Личната карта ќе ми биде готова за три дена, а сликањето како и нејзиното издавање ќе биде бесплатно.