На 22-ри и 23-ти октомври 2024 година, во организација на Axapta Masters и Axapta Learning Center, ќе се одржи третото издание на Digiton Conference, најголемата домашна конференција за Microsoft бизнис технологии. Оваа конференција претставува значаен настан за професионалците од ИТ и бизнис секторите кои веќе работат со Microsoft технологии или се заинтересирани за нивна имплементација. Со комбинација на практични искуства и најнови трендови, конференцијата нуди платформа за сите кои сакаат да го збогатат своето знаење и да откријат нови можности за дигитална трансформација.
Овогодишната конференција ќе ги опфати најновите трендови во индустријата, со посебен акцент на дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и нејзината примена во бизнисот. Фокусот ќе биде на примената на напредни решенија и технологии како што се Dynamics 365, Power Platform и Business Central, кои ја обликуваат иднината на модерниот бизнис.
Дел од третото издание на Digiton Conference, ќе бидат реномирани експерти и предавачи од земјата и странство, меѓу кои и Microsoft MVP-а, Microsoft FastTrack архитекти, кои ќе споделат свои експертизи и искуства од областа на Microsoft бизнис технологиите.
Мотото на конференцијата „The future is digital“ останува симбол на визијата дека дигитализацијата е иднината на секој бизнис и претставува неопходност за постигнување на долгорочен успех.
Сите заинтересирани може да ја погледнат деталната агенда и најновите информации на официјалната странa.