Третина од првачињата во Центар со деформитети

Дури 30,04 проценти од првачињата на територијата на општина Центар имаат неправилно држење или деформитети.

Овие поразувачки резултати произлегуваат од неодамна спроведените „Дијагностички и прегледи (скрининг) на ‘рбетниот столб и на долните екстремитеи кај децата ученици од прво одделение во сите основни училишта, во организација на Општина Центар.

Според стручните лица овој резултат е недопустливо голем особено земајќи во предвид дека прегледаните деца кои не спаѓаат во најкритичната возрасна група сеуште не го започнале oбрзаниот раст кој со себе повлекува овој број да се зголеми енормно ако во иднина не се превземаат конкретни мерки за спречување на овој проблем.

Од Општината апелираат до родителите и наставниците по физичко образование да се зголеми физичката активност кај овие деца.