Трета жртва на Корона вирусот во Македонија

Жена на 66 години од Дебар која на 7 март беше префрлена на лекување на Инфективната клиника е третата жртва на Корона вирусот во Македонија. Ова на денешната прес конференција го објави Министерот за здравство. 

Сопружниците беа дијагностицирани како позитивни на 6 март. Тие на 27 февруари во нашата земја пристигнале од Бреша, Северна Италија.

Првично беа стабилни, но на жената и се влоши здравствена состојба и беше поставена на респиратор. Таа е всушност третата жртва од коронавирус во Македонија.