Трета година по ред општина Бутел обезбедува ранец и училишен прибор за секое прваче во општинските основни училишта.
- Првиот училишен ден е денот кога нашите првачиња го паметат и го поминуваат низ забава. И оваа година сите првачиња на 1 септември ќе добијат високо квалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор за непречен почеток на учебната година, информираше првиот човек на општината Дарко Костовски.
Покрај тоа сите ученици во општинските основни училишта ќе добијат и униформи.
- Овој училишен пакет има за цел на родителите да им овозможи финансиско олеснување за кое би требало да издвојат околу 6000 денари. Заедно со високо квалитетниот анатомски ранец овој пакет ќе содржи и тетратка за почетно пишување, помагало за броеви, блок, самолеплива колаж хартија, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, моливи, острилка и гумичка, вели Костовски.