Трет мобилен оператор влегува во Македонија

Над 10 земји од Европа и Балканот учествуваат на 4- тата меѓународна конференција на агенциите  за електронски комуникации.  Директорот на македонската агенција за електронски комуникации , Сашо  Димитријоски , истакна дека на средбата е разговарано меѓу другото и за спречување на сајбер криминалот.

Изнесе податоци и за процесот на намалување на цените на роаминг услугите. Кажа дека цените  се намалувале  кон Србија, Црна Гора , БиХ и Македонија  сукцесивно, а сега на 1 јули се очекува и второто  намалување. Дoсега цените на услугите за роаминг кон овие земји биле намалени и за 80 посто.

Се трудиме роамингот да се намали и за Албанија, но таму сеуште има голем отпор од  операторите. Во однос, пак на влегувањето на трет мобилен оператор во земјава Димитријоски го најви од 1 јули  влегувањето во Македонија  новиот трет , оператор  британската „ Лајкамобил“. 

„ Да официјално треба да стартува со работа на 1 јули.Тоа  е нешто што се одвива и подготвува подолго Очекувањата се големи, но да почекаме како ќе се довиваат работите. На 1 јули се должни да почнат со работа“, најави Димитријоски.