Трет ден по ред кучиња скитници касаат минувачи на плоштад „Македонија“

Веќе трет ден по ред, граѓаните во полициската станици пријавуаат дека се искасана од кучиња скитни на плоштадот Македонија.

Вчера околу 15 часот во Полициската станица Центар, С.Ѓ. (75) од Скопје пријавил дека истиот ден околу пладне на плоштад „Македонија“ бил нападнат од кучиња-скитници, од кои едно од нив го каснало на левата потколеница.

Нападнати и искасани граѓани на главниот плоштад во Скопје кои случаите ги пријавиле во полиција имаше и во петокот, како и во саботата, па останува на надлежните соодветно да реагираат и да го обезбедат ова подрачје од градот кое е едно од најфреквентните.