Трет ден ја нема 14 годишната Вања - истрагата сè уште трае, но нема информации каде е девојчето

Потрагата по 14 годишната Вања од Скопје се уште трае, но засега нема никакви информации каде е девојчето.

Полицијата објави нејзина фотографија и опис во билтенот за исчезнати.. МВР ги истражува сите можни мотиви и причини за нејзиното исчезнување.

Фотографии од девојчето се залепени во центарот на градот со надеж дека некој од минувачите ќе се присети на било каква информација.

Последниот сигнал кој бил забележан од нејзиниот телефон бил лоциран на Партизанска спроти Универзалната сала.

Вања во училиште заминала завчера изутрина во 7.20 часот а веќе во 7.35 била недостапна. Според мајката девојчето пред заминување било расположено и не се пожалила на никаков проблем. Облечена е во син дуксер и црна јакна, со црни панталони со странични џебови и бели патики со кафена лента.