Треската Западен Нил на граница со Македонија - петмина починале, 70 заболени

Во Србија се регистрирани 70 заболени од треската Западен Нил, вклучително и пет смртни случаи.

Ова беше објавено на страницата на српскиот Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут”.

Според податоците на Институтот, потврдени случаи на ова заболување се регистрирани во Белград (30) и во Јужнобанатскиот (15), Јужнобачкиот (12), Западнобачкиот (6), Подунавскиот (2), Севернобанатскиот (1), Среднобанатскиот (2) и Сремскиот (2) округ, а заболените се на возраст меѓу 22 и 84 години.

Треската Западен Нил е вирусна болест која се пренесува преку убод од комарец.