
Пред два дена беше споделена веста дека три млади лица, меѓу кои двајца 15-годишници и еден 18-годишник, биле однесени од силниот воден тек на реката Треска, откако нивото на водата нагло се зголемило поради зголемен испуст од браната „Матка“ за производство на електрична енергија, но за среќа успешно биле спасени.
На социјалната мрежа „Х“, во врска со овој инцидент, „твитерџија“ сподели препораки и совети за младите, но и за останатите во врска со капењето во оваа река.
„Гарант некои дојденци. Не си играјте на Треска и секогаш следете го нивото на водата. Закачете стапче на местото кај шо седите. Треска е ладна и опасна. И тие што не го познаваат Састав да не се опуштаат, ако ве повлечи реката ќе завршите на дното кај шо се спојуват со Вардар“, напиша профилот со псевдоним „Џон Блек“.
Под објавата, тој додаде и дека на спојот од Треска и Вардар се појавуват подводен вртлог и, како што вели, ако реката те однесе таму, нема излегување.
„Ништо не те спасуват. Берете памет деца. Учете од постарите“, вели тој.
Гарант некои дојденци.
Не си играјте на Треска и секогаш следете го нивото на водата. Закачете стапче на местото кај шо седите. Треска е ладна и опасна.
И тие што не го познаваат Састав да не се опуштаат, ако ве повлечи реката ќе завршите на дното кај шо се спојуват со Вардар. pic.twitter.com/y1kHE5nw7E— Џон Блек (@BlackTaurus7) July 16, 2026