Трендо влегува во трка за градоначалник на Центар?

Сашо Мацановски Трендо најверојатно влегува во трка за градоначалник на најурбаната скопска општина, Центар. Неофицијално тој е помеѓу кандидатите кои имале највисок рејтинг помеѓу потенцијалните кандидати за градоначалници кои ги правела опозициската ВМРО ДПМНЕ.  Освен Трендо, како потенцијален кандидат за оваа позиција се споменува и доктор – специјалист кој високо котира во опозициските партиски редови.

Извори од партијата брифираат дека ВМРО ДПМНЕ сериозно размислува на локалните избори да истрча со непартиски кандидат кои би ги освоил гласовите на неопределените гласачи во Центар. Од друга страна пак извори од СДСМ велат дека и таму интензивно се води партиската битка за кандидат за градоначалник, како најсериозни кандидати се споменуваат актуелниот градоначалник Богдановиќ, но и поранешениот пратеник Емилијан Станковиќ.

Актуелниот градоначалник Богдановиќ го завршува првиот мандат, претходно на оваа позиција беа Андреј Жерновски, Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова.