ТРЕНД ИЛИ ПОТРЕБА: Аутлет за храна - пониски цени до 70%

Во аутлет продавниците за храна се продаваат производи  на кои рокот на употреба е при крај.Ове маркети во светот веќе одамна функционираат, а од недамна ваква продавница беше отворена во Загреб.

Храната во овие маркети обично се до 70 отсто поевтини од супермаркетите и најчесто се наменети за посиромашните граѓани, а неретко можат да се сретнат и граѓани кои сакаат да си поминат поевтино во месецот. Се работи за продажба на храна која трговските центри и фабриките поради различни причини не успеале да ја продадат.

Во Македонија, иако реално има потреба, се уште нема продавница во која ќе се продаваат производи чиј рок на употреба е при крај. Според податоците на Државниот завод за статистика трошоците на живот во ноември 2017 година, во споредба со ноември 2016 година бележат пораст од 2,2 отсто, а цените на мало бележат пораст за 4,6 отсто.

Водено во најава е дека од јануари идната година ќе плаќаме поскапа вода, леб и гориво.Граѓаните  сметааат дека овој бран на поскапување дополнително ќе им ги истенчи и онака празните џебови.

Според бројот на жители, Македонија на листата од еден до десет во светски рамки, засега се наоѓа меѓу седмото и осмото место по фрлање храна. Во Македонија се фрла речиси една четвртина од вкупното количество храна со која манипулираат маркетите, рестораните, производителите и дистрибутерите.

-Вакви продавници треба да се отворат поради тоа што би можеле д купуваат и граѓани кои се со пониски приходи. И онака таа храна се фрла оваа е одлична можност некој што не може да си купи јогурт, млеко, месо да може да ги плати по поевтина цена, вели Борис од Кисела Вода.

Трошоците на живот и индексот на цените на мало, во ноември 2017 година во однос на претходниот месец се зголемиле за 0,2 отсто. Порастот на индексите на трошоците на живот од 0,2 отсто во ноември 2017 година во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на сирењето и урдата за 2,4 отсто, замрзнатото овош је за 1,8 отсто, компирот за 1,5 отсто, оризот, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 1,1 отсто, другите прехранбени производи за 0,9 отсто, другите пекарски производи и месото за 0,8 отсто, млекото за 0,6 отсто, маслото и маснотиите за 0,5 отсто, рибата и морските плодови, цигарите за 0,4 отсто, брашното и другите жита за 0,3 отсто,трбушките, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,2 отсто.