Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска вели дека ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати решенијата на СДСМ за намалување на цените и повеќе пари за граѓаните. Таа ги спомена податоците на ДЗС каде покажуваат дека цените на мало се намалени за 0,1%.
„Ова значи дека намалување на цени нема и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Владата треба итно да ги прифатат пакет законските решенија на СДСМ:
- Да се усвои Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра.
- Да се усвои Законот за укинување на ДДВ за храната со кој граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари месечно.
- Итна да се примени Законот за нефер трговски практики за спречување на нов раст на цените“, кажа Тренчевска.
Овие пакет решенија според Тренчевска ќе значат намалување на цените, зголемување на платите односно повеќе пари за граѓаните и семејните буџети.