Борче Стаменов, човекот кој ја основа „Донирај компјутер“ и со години се труди да им обезбеди компјутери на децата од социјално ранливи категории со став за македонските газди и покачувањето на платите, откако на земјава ѝ се случува невидено иселување.
- Требаше пола Македонија да се исели, за да на „сиротите газди, кои едвај врзуваат крај со крај“, им текне да понудат плата што работник ја заслужува, пристојна за живот. Бар на оглас, реалноста секогаш ќе биде поинаква. А и едните и другите некоаш ќе умрат. Е како ќе останат запаметени е сосема друга приказна, вели Стаменов во својата фејсбук објава.