Треба ли со страв да одиме по улица? Пешак беше прегазен од 27-годишен возач на моторцикл

Вчера, моторциклист удрил во 51-годишно лице, информираат од МВР.

Според првичните информации, несреќата се случила на ул.„Благоја Стефковски, каде моторциклот „јамаха“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Г.(27) од Скопје удрил во И.В.(51) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од МВР информираат дека на местото на настанот бил извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.