Треба ли да се гради жицарницата од Козле до Средно Водно?

Владата повторно ќе размисли во соработка со град Скопје дали да ја гради жичарница која претходно ја испланираа екс градоначалникот Коце Трајановски и министерот за транспорт и врски Јанакиевски. 

„Владата го разгледа новиот текст на Информацијата за изградба на жичарница од Козле до Средно Водно, за период од 1 јули до 31 декември 2017 година и ги задолжи Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје да донесат соодветна одлука за целисходноста на овој проект“ стои во владиното соопштение.

Засега не е донесена никаква конечна одлука, но целиот проект кој требаше да се гради од клиниката за белодробни заболувања кај Козле до врвот на планината е доведен во прашање. Според планот на претходното градско раководство жичарницата од Козле требаше да се поврзе со таа која веќе е изградена на Средно Водно, а со која оперира Јавното сообраќајно претпријатие. 

Основниот проект за сите три секции на жичарницата веќе го изработи австриската фирма „Допелмаер“ која ја изгради првата фаза од Средно Водно до Милениумскиот крст. Таа беше свечено пуштена во употреба на 3 јуни 2011 година. Должината на трасата на првиот дел е 1.750 метри. Има 28 кабини за по осум патници по цена од 100 денари и 2 елитни кабини за четири патници.