Треба да се гордеете што ја издржавте и преживеавте 2020 година

Наместо да ги броите успесите и неуспесите како секоја година, овојпат бидете благодарни што ја издржавте годинава. Бидете благодарни што можете да се навратите на оваа година. Оваа година беше сосема различна од другите, па затоа и не треба да ја гледате како што ги гледавте другите години. Не може да споредувате што сте правеле во другите години со тоа што правевте годинава. Не треба да се чувствувате виновни за сите работи што не успеавте да ги направите. Треба да бидете попустливи кон себе кога се навраќате назад на годинава. Наместо да се каете за работите што не ги направивте, бидете благодарни што ќе ја имате можноста да ги направите следната година. Бидете благодарни што имате можност за убава иднина во која ќе можете да надоместите.

Веројатно не ја завршувате годинава како што го сакавте, но не сте единствени. Сите сме во истото купче. Не сте единствени кои мислат дека можеле повеќе да направат, повеќе да работат, повеќе да вежбаат, учат, повеќе да зборуваат со саканите. Но, треба да запомните, годинава не беше година за себенадминување, туку за преживување и останување нормален, колку што е тоа возможно. Понекогаш, самото преживување на денот е најдоброто нешто што можете да го направите. Секако, нормално е да се чувствувате разочарани. Можеби полагавте големи надежи годинава. Можеби во јануари имавте огромни очекувања и сето тоа се сруши. Како и секоја друга година, можеби имате и каења. Можеби имате ужасни спомени кои сакате да ги заборавите. 

Оваа година беше пеколна за сите и не мора да барате нешто позитивно ако не сте подготвени. Можеби никогаш нема да најдете ни трошка добрина во годинава и тоа е океј. Не мора да се однесувате како сè да е добро, кога не е. Но, не заборавајте дека го дадовте најдоброто од себе во 2020 година. Не треба да бидете разочарани од себе. Не треба да се чувствувате како да потрошивте време и енергија, кога правевте сè за да поминете низ годинава.

Како што се наближува крајот на годината, сосема е нормално да сте вознемирени за тоа како излезе годинава. И во ред е ако немате енергија да правите листа со желби за 2021 година. Во ред е да бидете и лути или огорчени за времето што го изгубивте, како и за луѓето што ги изгубивте. Сосема е океј ако ја завршите годинава со тоа што ќе кажете дека единствената добра работа околу 2020 година е тоа што конечно заврши.