„Травијата“ утре на сцената на МОБ

Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст се само дел од епитетите за „Травијата“ чија изведба ќе биде на 23 ноември со почеток во 20 часот.

Безвременското либрето и живописните ликови на „Травијата“ ја сместуваат меѓу најпопуларните и истовремено најинтимните оперски ремек-дела на Џузепе Верди

Режијата е на Верена Штојбер (Германија), сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија).

Во главните улоги настапуваат Сања Керкез (Србија), Иван Mомиров (Бугарија) и Горан Начевски.

Учествуваат оперски солисти, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска.