Travel Free конечно на македонската граница

Travel Free е бренд за гранични продавници на германската компанија Гебр Хајнеман која денес има повеќе од 60 продавници лоцирани на гранични премини и пристаништа. Таа е светски лидер на малопродажниот патувачки пазар.

До сега ја имаше на граничните територии во 9 европски земји, а конечно можеме да се пофалиме дека овој гигант од почетокот на оваа година го има и на нашата територија, на граничниот премин со соседна Грција, Богородица. 

Продавниците се наменети за сите кои ја поминуваат границата - туристи, патници, жители во околните населби. Travel Free се разликува од конкуренцијата поради големата распространетост, понудата на најдобрите водечки светски брендови поделени во неколку категории: парфимерија и козметика, играчки, алкохолни пијалоци, кондиторски производи, одличната атмосфера и услуга во самите продавници и секако ниските цени.

Како лидер на светскиот патен малопродажен пазар, со долгогодишни меѓусебни односи со добавувачите, Travel Free има можност да понуди најдобри цени за своите клиенти. Како правило цената е пониска од онаа на внатрешниот пазар. 

Во Travel Free гарантираат за потеклото и квалитетот на секој производ. Клиентите немаат сомнежи за оригиналноста на стоките и можат да бидат сигурни дека купуваат само оригинални производи. Отсега сите оние кои ќе го поминуваат граничниот премин Богородица, ќе имаат можност да го доживеат најдоброто шопинг искуство на трговска површина од 240 метри квадратни.