Траумите од детството никогаш не се забораваат, а борбата да се надмине траумата трае цел живот!

Детството треба да биде еден од најбезгрижните периоди во животот на еден човек. Период на смеа, играње, запознавање на животот. Период во кој најголемите проблеми треба да биде домашното по математика.

За жал, детството на многумина е исполнето со болка, страдање и тешки трауми. Ја немаат сите деца среќата да имаат прекрасно детство и прекрасни спомени од детството.

А тие трауми никогаш не се забораваат, борбата да се излечат тие рани трае речиси цел живот.

Траумата не го дефинира човека. Но, боли. И надминувањето е тешко. Мора да се бориш со тоа. Мора секој ден да се бориш за да стигнеш до посветли денови во твојот живот.

Не е лесно, но вреди. Понекогаш мора човек да помине низ најлошото за да ја достигне иднината која му е запишана. Човек мора да се бори со болката, тагата и солзите за да стигне до тоа да може повторно да се смее и да ја почувствува среќата.

Тоа може да се случи по години и години неуморно борење. Може да делува дека ќе биде подобро по 20 години, но убавите денови ќе стигнат и порано отколку што човек може да замисли.

Ако некогаш сте поминале низ траума, треба да знаете дека имате сила. Вие сте храбри и неверојатно прекрасни. Можеби борбата ќе биде пеколна, но ќе ја надминете и ќе ја вратите вашата сила.

Ќе има денови кога ќе сакате да се откажете. Денови кога ќе мислите дека не да можете да издржите. Ќе има денови кога само ќе сакате да избегате. Но, морате да се борите со тоа, тоа е единствениот начин да ја надминете болката.

Спомените, траумата, тие секогаш ќе бидат со вас, тие никогаш нема сосема да исчезнат, но ќе дојдете до точка кога ќе можете да живеете со тоа и повторно да чувствувате среќа.

Пред вас има долг пат, но крајот ќе вреди.

И ќе сфатите траумата  ви помогнала да бидете многу посилни личности.

Не дозволувајте да ви го уништи животот. Можете да го надминете тоа. Што и да ви се случило, не ве дефинира како личности. Не се откажувајте. Вашиот живот е прекрасен и има толку многу луѓе кои ве сакаат! Чекор по чекор, борбата продолжува!

Вие издржавте. А тоа беше најтешкото нешто.