
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави годишното рангирање на институциите според Индексот на активна транспаретност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, каде се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.
Според овие податоци, во 2022 година, 81% од институциите ја подобриле својата активна транспарентност.
Овие податоци покажуваат дека активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 85 %, а на општините 70 %. Па така, оваа година, за разлика од лани, има подобрување кај министерствата и општините, односно министерствата се подобриле за 6 процентни поени, а општините за 10.
Оваа статистика покажува дека само две институции во нашата земја, односно Министерството за одбрана и Владата имаат по максимални 100 %, односно ги објавуваат сите предвидени информации од активната транспарентност.
Со висока транспарентност се и три општини, Битола, Валандово и Карпош, кои се наоѓаат на третата позиција, чија транспарентност изнесува 97 %. Битола, Валандово и Карпош.
Најниско на листата, пак, со „многу слаба“ транспаретност се рангирани Зелениково (17,4 % исполнетост) и Арачиново (8,7%).