Трансконтинентален Ерасмус+ проект „Младите ја обликуваат иднината

Во функција на промовирање на економските потенцијали на Република Македонија на 21.09.2019 во Струга  се одржа последната од серијата тренинг обуки што се организираат во рамките на трансконтиненталниот Ерасмус+ проект „Младите ја обликуваат иднината [YouLEAD]”, подржан и финансиран од Европската комисија во рамките на Еразмус+ програмата.

Координатор на проектот е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ од Скопје.

Во реализацијата на овој двогодишен проект директно се вклучени претставници на универзитети, бизнис и НВО секторот од 11 држави и тоа од Австрија; Аустралија; Бугарија; Германија; Грција; Казакхстан; Киргистан; Непал; Полска; Узбекистан и Северна Македонија.

Освен директното поврзување на економиите на државите – учеснички во проектот кои доаѓаат од три континети: Азија, Австралија и Европа, YouLEAD проектот ги развива капацитетите на членовите на проектниот конзорциум (универзитети; бизнис секторот и НВО) за зголемување на јавната свест преку константен притисок врз владите и јавниот сектор за имплементација на целите на одржливиот развој со користење на алатките на дигитилниот маркетинг, пред се, на мобилните телефони.

Проектот е дел од глобалните активности на Обединетите нации за остварување на целите на одржливиот развој фокусирани на намалувањето на сиромаштијата, социјалната правда и одржливоста на животната средина како голем морален и политички императив на нашето време. Овој императив може да се исполни ако постои радикален пресврт. Во срцето на оваа промена во глобалната иновативна агенда е поголема почит кон културната разновидност, регионалната разновидност и демократската одговорност.