ТРАНСФЕР „БОМБА“: Велковски од Вардар заминува во Џенова?

Тимот на капитенот на репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев ќе испрати понуда за еден од најдобрите млади играчи на Македонија, Дарко Велковски, пишува Македонски Спорт.

Еден од најперспективните фудбалери на Македонија, би можел да го напушти својот тим, шампионот на Македонија, Вардар и да се пресели во Калчото. Тимот каде што настапува Пандев, се распрашува за дефанзивецот на младинската и сениорска репрезентација.

Како што пишува Македонски Спорт, скаутите на италијанскиот тим ќе ги следи настапите на Дарко Велковски во Полска, каде што нашата младинска репрезентација ќе игра Европско првенство, во група со Шпанија, Португалија и Србија.

Доколку потпише, ќе биде третиот Македонец во Серија „А“ идната сезона. Засега сигурни се Горан Пандев со Џенова и Никола Јакимовски со Беневенто, доколку не сменат средина.

new nike air max 2019