Тракторски гуми и друг отпад собрани од водите на Охридското Езеро

Викендов се спроведе акција за чистење на дел од Охридското Езеро во близина на Трпејца, која е една од најпопуларните туристички дестинации на брегот на езерото. 

Во акцијата на Клубот за подводни дејности „Охрид“ биле собрани огромни количини цврст отпад. 

На брегот, од дното на езерото, биле извлечени и неколку тракторски гуми. 

Во акцијата учество зедоа и членови од Нуркачко-еколошкиот клуб „Пена“ од Тетово, а активностите ги помогна „Нула Отпад“ од Скопје.