Тракторист почина откако излетал од пат кај светиниколско

На 19.09.2021 во 17.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат за с.Горобинци, светиниколско, трактор „имт 533“, управуван од М.В.(68) од с.Горобинци излетал од патот.

Во незгодата М.В. се здобил со повреди констатирани во Јавната здравствена установа Свети Николе, по што бил пуштен на домашно лекување.

На 20.09.2021 во 05.00 часот, М.В. повторно отишол во ЈЗУ Свети Николе од каде со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде починал.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.