Маж од кумановско загина во тракторска несреќа во која тракторот бил управуван од малолетничка.
На 28.05.2023 во 17.20 часот било пријавено дека на локален пат во с.Тромеѓа, кумановско, трактор управуван од малолетничка од с.Тромеѓа излетал од патот и паднал во канал. На местото на несреќата починал сопатникот М.С.(63) од с.Младо Нагоричане, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
Со телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово, соопшти полицијата.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.