Трајно решение за проблемот со матичен лекар во Шуто Оризари

Министерството за здравство ја информира јавноста дека е најдено трајно решение на проблемот со матичен лекар во општина Шуто Оризари.  

После 6 неуспешни обиди за закуп на ординација за матичен лекар во Поликлиниката во Шуто Оризари денеска добивме апликација на седмиот оглас од приватна Поликлиника која аплицираше и планира закуп на ординацијата во рамките на своја Поликлиника.

Со ваквиот систем на вршење здравствена дејност во рамките на Поликлиниката се гарантира трајноста на ова решение. Исто така заврши и набавката на опремата за гинеколошката ординација за оваа општина со што Министерството за здравство го реши и овој децениски проблем во општината.