Трајковски: Со гужви и разуздано однесување дури ни вакцините не можат да воспостават колективен имунитет

Дали е можен колективен имунитет? Можен е, на источноазиски начин, со голема самодисциплина и доследна примена на превентивните мерки. Тоа повеќе зависи од самото население, а помалку од државниот апарат и полицијата. Ем е поевтино, ем речиси нема човечки жртви.

Од друга страна, со гужви и разуздано однесување гледаме дека дури ни вакцините не можат да воспостават колективен имунитет. Згора на се, има многу повеќе смртни случаи, а за трошоците и економијата да не зборуваме.

Но, тука не може ништо да се стори. Вниманието кон другите луѓе, чија благосостојба се става над личната удобност, се дел од културата на јапонскиот народ, нешто што се учи уште од мали нозе. За нас е веќе предоцна, па секој со својата памет.

ФБ статус на Дејан Трајковски