Трајковски: Неколку големи градови во земјава имаат многу низок опфат со вакцинација

Пронајдете ја својата општина и видете како е рангирана според стапката на вакцинираност (релативниот опфат со вакцинација во однос на вкупниот број на жители).

Сите проценти се помали од официјално објавените, бидејќи истите најверојатно ги пресметувале во однос на бројот на возрасни жители. Во светот обично се објавуваат проценти пресметани според вкупниот број на жители, па така оваа ранг листа дава пореална претстава.

Бидејќи недостигаат броевите на вакцинирани од неколку општини, најверојатно биле додадени кон броевите на вакцинирани од соседните поголеми општини и тоа:

- Богданци и Дојран кон Гевгелија

- Македонска Каменица кон Делчево

- Демир Капија кон Кавадарци

При пресметувањето на процентите извршена е корекција поради ова влијание, што можеби малку ги искривува вистинските резултати за Гевгелија, Делчево и Кавадарци.

Се забележува дека неколку големи градови (Струга, Куманово, Струмица, Гостивар, Тетово, Кичево) имаат многу низок опфат со вакцинација. Од друга страна, триаголниците Неготино-Гевгелија-Кавадарци и Охрид-Ресен-Битола стојат најдобро.

Инаку, според апсолутниот број на вакцинирани, после Скопје најмногу вакцинирани има во Битола, иако според бројот на жители подрачјето на ЦЈЗ Битола е на петто место во Македонија.

Извор: ИЈЗ Скопје - iph.mk 

ФБ статус на Дејан Трајковски