Трајковски најави враќање пари на жителите кои финансиски учествувале во изградбата на фекална канализација

Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски при денешната посета на населеното место Јурумлери најави дека на жителите од Стајковци, Инџиково, Економија, Трубарево, Кирил Петрушевски кои дале парични средства за изградба на фекална канализација, општината во следните четири години ќе им ги врати тие пари.

-Ова го темелиме врз основа на тоа што направивме финансиска анализа за нашите можности во следните четири години и врз основа на фактот дека Советот на општина Гази Баба ќе биде предводен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери. Исто така, да најавиме и дека со несмален интензитет продолжување со изградба на фекалните канализации во Трубарево, Јурумлево, Гоце Делчев, Колонија, Ергеле, Дрма и во делот на планинските села, односно селата од Стајковци кон Скопска Црна Гора, Црешево, Смилковци. За нив набрзо ќе почнеме изградба на фекална канализација, па во следниот период во Виниче, Страшинци , Булачани и Раштак, истакна Трајковски.

Потенцира дека со изградбата на фекалниот колектор во овие населени места ќе се придонесе за подобар квалитет на животот на граѓаните.

-Од аспект на заштита на животната средина и екологијата навистина ќе придонесеме да имаме поздрава и почиста животна средина, посочи Трајковски.