Трајковски: Благодарност за поддршката во првиот круг, одиме на победа во вториот круг за модерна и развиена Гази Баба

Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски, упати благодарност до сите жители кои го дадоа својот глас за избор на членови во Советот на општината и за него.

 Ги повика жителите масовно да излезат во вториот круг од локалните избори и да дадат поддршка за општина со европски лик и со многу подобри услови за живеење.

-Благодарност до сите жители на Гази Баба, кои го дадоа својот глас за избор на членови во Советот на општината и за мене, како кандидат за градоначалник, напиша Трајковски на својот Фејсбук профил.