Трајкоска: Општина Центар перфектно ги разбира "инвеститорите" и градежниците

Новинарката, активистка и жителка на Центар, Жанета Трајкоска со остра реакција откако повторно е ставен на дневен ред на седница на Советот на општина Центар предлог за усвојување техничка измена на ДУП Голем ринг Јужен дел - исток за надградба на уште 2 ката на зградата веднаш спроти Ургентниот центар Св. Наум Охридски (поранешна Градска болница).

Таа во својата реакција вели дека Општина Центар перфектно ги разбира "инвеститорите" и градежниците.

-Општина Центар се повеќе е протов своите жители, не ги разбира што сакаат. На глава и се качија со барање за повеќе зеленило, помалце нови градби и подобар стандард на живот...да не речам основен. Ама затоа Општина Центар перфектно ги разбира "инвеститорите" и градежниците. Нив ќе им ја олесни процедурата за добивање дозволи, ќе им даде и сопствен простор, ќе приватизира, ќе замижи, ќе стави печат и потпис каде треба. Па нели треба плата да се зема, хумано да се бетонира сФе, оти и така на следните избори ќе го изгубат Центар. Па сега му е мајката да им се најде на сите што би сакале да си изградат по нешто ситно во Центар. З'ш да не бе! А вие сите што мрчите сте против Македонија во ЕУ и сте дел од мрачните сили!, наведува таа во својата објава на фејсбук.

Од „Шанса за Центар“ велат дека се против оваа „техничка измена“ бидејќи овие навидум „ситни измени“ во бројките во табелите од урбанистичкиот план ќе овозможат да се подигнат уште неколку ката на оваа зграда, а за тоа нема согласност од станарите и корисниците.